ХУТИТЕ НАЈАВИЈА ПОМОРСКА БЛОКАДА НА САУДИСКА АРАБИЈА Веднаш стапува во сила

Хутите минатата недела испукаа ракети кон Саудиска Арабија, откако ги обвинија саудиските сили за бомбардирање на аеродром под контрола на Хутите и истакнаа дека со тој напад е прекинато четиригодишното примирје.

303

 

Јеменските Хути, поддржани од Иран, денеска прогласија поморска блокада на Саудиска Арабија која ќе стапи во сила веднаш, објави нивниот воен портпарол во телевизиско обраќање.






Милитантната група соопшти дека воведува „морско ембарго против криминалниот саудиски непријател“, повикувајќи се на принципот „око за око“.

Хутиите тврдат дека блокадата е одговор на она што го нарекуваат продолжение на „неправедната и репресивна опсада на нашиот драг народ“ од страна на Саудиска Арабија речиси 12 години. Тие го обвинуваат Ријад за ограбување на ресурсите на Јемен и за воведување сеопфатна блокада на неговите пристаништа и аеродроми.

Хутите минатата недела испукаа ракети кон Саудиска Арабија, откако ги обвинија саудиските сили за бомбардирање на аеродром под контрола на Хутите и истакнаа дека со тој напад е прекинато четиригодишното примирје во конфликтот меѓу кралството и бунтовничката група. Ова беа првите напади врз Саудиска Арабија за кои Хутите ја презедоа одговорноста, откако неформалното примирје стапи на сила во март 2022 година, по нивните претходни напади врз саудиската енергетска инфраструктура.

Поврзани содржини