ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Во Загреб, град со буџет од 3 милијарди евра, актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ (Можеме!) освои 47,3 проценти од гласовите и граби кон победа во вториот круг.

1,650

По децении доминација на социјалдемократите (СДП) на локалните избори во Хрватска, на повидок е пресврт. На изборите одржани во неделата, гласачите во четирите најголеми хрватски градови во голема мера гласаа за актуелните градоначалници, но во Риека најверојатно ќе има пресврт во вториот круг.

Риека доживува големи политички превирања. Независниот кандидат Ива Ринчиќ, поддржан од Младинската акција, освои околу 40% од гласовите, додека актуелниот градоначалник Марко Филиповиќ (независен) остана на 19%. Ова е прв пат СДП да нема власт во овој град.






Во Загреб, град со буџет од 3 милијарди евра, актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ (Можеме!) освои 47,3 проценти од гласовите и оди во вториот круг, во битка со независната кандидатка Марија Селак Распудиќ, која освои 15,74 проценти.

Томашевиќ,освои повеќе гласови во првиот круг од тековните локални избори отколку пред четири години (на 16 мај 2021 година), со што го сруши сопствениот рекорд. Иако без апсолутна победа, тој има значителна предност, а неговата коалиција (Можемо! и СДП) обезбеди мнозинство во Градското собрание, што ѝ гарантира стабилна политичка позиција во случај на реизбор.

Во Сплит, актуелниот градоначалник Ивица Пуљак (Центар) води со 35% и оди во вториот круг со Томислав Шута од ХДЗ, кој има 30%. Иако резултатот не е толку убедлив како на претходните избори, Пуљак го задржува водството, а се очекува неизвесна трка во вториот круг во кој победникот ќе биде одлучен според гласовите на гласачите на другите кандидати.

Претседателот на ХДЗ и на владата, Андреј Пленковиќ, оцени дека Хрватска повторно е „доминантно сина“, истакнувајќи ги одличните резултати на ХДЗ, победите во Осиек и во Сисак, отворената битка за Сплит и катастрофалниот резултат на СДП во Риека.

 

Поврзани содржини