Хрватскиот политичар Владимир Шекс ја тужи Хрватска во Стразбур поради документи за Туѓман

354

Хрватскиот политичар Владимир Шекс потврди дека ја тужи Хрватска пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур затоа што не му е дозволен пристап до документи на поранешниот претседател Фрањо Туѓман. Тој нагласува дека од национален интерес да се открие тој период од модерната историја, а не да се крие.

Станува збор за документи од архивата на Кабинетот на претседателот на Хрватска што Шекс ги побарал во времето на поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ. Пристапот до дел од документите не му беше даден со образложение дека тоа е тајна, а таа одлука подоцна ја потврдија и Управниот и Уставниот суд.






Во изјавата за Хина, Шекс рече дека Управниот и Уставниот суд „од некоја чудна причина, сосема погрешно утврдиле дека објавувањето на записите на претседателот Туѓман ќе ја загрози националната безбедност“ и ќе им наштети на националните интереси, така што му останува уште едно прашање да го реши на европско ниво.

Тој прецизираше дека станува збор за 29 транскрипти од разговорите на Туѓман со разни државници или политичари од 1992 и 1993 година, за кои не му бил дозволен пристап и кои му биле потребни за неговите мемоари.

Поврзани содржини