ХРВАТСКИОТ КОНЗОРЦИУМ „ДАЛЕКОВОД“ ЌЕ ГО ГРАДИ ДАЛНОВОДОТ КОН АЛБАНИЈА Договорот изнесува 19,7 милиони евра

Планираниот рок за завршување на работите е средината на 2028 година.

116

Хеваски „Далековод“, како сопственик на конзорциум составен од „Далековод“ д.д., „Елнос БЛ Бања Лука“ и „Кодар Енергомонтажа“, потпиша договор вреден 19,7 милиони евра со АД МЕПСО, објавија хрватските медиуми соопштение на хрватската компанија.

Договорените работи вклучуваат испорака и изградба на 400 киловолтен далновод од Битола, преку Охрид, до границата меѓу Северна Македонија и Албанија.






Новата трансформаторска станица „Охрид“ е во изградба, а изведувач е „Кончар“.

Станува збор за важен инфраструктурен проект кој обезбедува долгорочна стабилност на електроенергетскиот систем во поширокиот регион.

Планираниот рок за завршување на работите е средината на 2028 година.

Во соопштението се наведува и дека овој договор, „Далековод“, кој работи како дел од групацијата „Кончар“, дополнително ја зајакнува својата позиција на регионалниот и европскиот пазар како една од клучните компании во модернизацијата и изградбата на енергетски објекти од највисоко ниво на сложеност.

Поврзани содржини