ХРВАТСКИОТ ЕСКОБАР, ПО КОГО ТРАГА ЦЕЛ СВЕТ, ПАДНА ВО ИСТАНБУЛ Христијан Палиќ увезувал големи количини кокаин од Јужна Америка во Европа

Турската полиција претходно го уапси Ненад Петрак, уште еден хрватски државјанин за кој се верува дека е меѓу водачите на меѓународниот нарко картел кој ја пренесува дрогата од Јужна Америка во Европа.

624

Во Истанбул во рамките на акцијата „Картел-3“ е уапсен Христијан Палиќ, хрватски државјанин за кој се верува дека е еден од водачите на крилниот картел на Западен Балкан.

Тој е осомничен за увоз на кокаин од Јужна Америка во Европа и имал важна улога во перењето пари добиени со криминал, пишува турскиот портал yahizaber.com.






По него трагаа бројни европски земји, а по него и Бразил распиша потерница од Интерпол. Уапсен е во луксузен стан, каде веќе била украсена новогодишната елка.

Решени сме да ја ослободиме Турција од националните и меѓународните организирани криминални групи и трговците со дрога и со ваша поддршка ќе успееме“, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи.

Турската полиција претходно го уапси Ненад Петрак, уште еден хрватски државјанин за кој се верува дека е меѓу водачите на меѓународниот нарко картел кој ја пренесува дрогата од Јужна Америка во Европа.

 

Поврзани содржини