Хрватска продава куќи за помалку од едно евро, има само три услови

Клучните услови за поединци или парови кои сакаат да се населат во Леград вклучуваат дека тие мора да бидат финансиски стабилни и помлади од 40 години. Тие исто така мора да се обврзат да останат најмалку 15 години.

1,961

Град во северна Хрватска, погоден од депопулацијата на руралните области, продава напуштени куќи за помалку од едно евро, односно за една куна во обид да привлече нови жители, но со одредени услови, пишува Ројтерс.

Оваа информација ја пренесуваат и италијанските медиуми.






Леград, некогаш вториот по големина населен центар на хрватска територија, континуирано губи население од распадот на Австро-Унгарија пред еден век, кога новите граници го оставија во неволја.

 

– Ние се претворивме во пограничен град со малку транспортни врски до други места. Оттогаш, населението постепено се намалува – вели  градоначалникот на Леград, Иван Саболиќ.

Опкружен со зелени полиња и шуми, градот е близу до границата со Унгарија и има околу 2.250 жители, што е половина од бројот пред 70 години.Во првиот обид, градот стави на продажба 19 празни куќи и напуштени градилишта по цена од една куна. Досега се продадени 17 недвижнини. Понудените куќи се во различен степен на занемареност.

Некои се полуруинирани, немаат прозорци и врати, а sидовите се покриени со мувла. Општината соопшти дека ќе плати 25.000 куни за сите потребни реновирања, а за новите жители кои сакаат да купат приватни домови, градот ќе помогне со 20 проценти од откупната цена или до 35.000 куни. Клучните услови за поединци или парови кои сакаат да се населат во Леград вклучуваат дека тие мора да бидат финансиски стабилни и помлади од 40 години. Тие исто така мора да се обврзат да останат најмалку 15 години.

 

Поврзани содржини