ХРВАТ ЗАГИНА КАЈ НОВИ САД Повредени се две жени и две деца кои се македонски државјани

Една повозрасна жена, 32-годишна жена, девојче (7 години) и момче (10 години) кои се од Македонија се пренсени во болница во Нови Сад.

805

Еден маж загина, а две жени и две деца се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Белград-Нови Сад.

Како што пренесуваат српските медиуми, загинатиот е хрватскиот државјанин М.А.(1966), кој управувал „пежо“ со македонски регистарски ознаки. Повредените жени и деца се државјани на Македонија.






Портпаролот на Брза помош во Нови Сад, д-р Николина Мариќ изјави дека еден постар маж го загубил животот на лице место, додека една постара жена е пренесена и во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) во Нови Сад на реанимација.

– Медицинските екипи можеа само да констатираат смрт на постар маж кој починал на лице место додека една повозрасна жена е пренесена во несвест во Ургентниот центар на Клиничкиот центар Војводина на реанимација заедно со уште една 32-годишна жена која била свесна. Во сообраќајката се повредени 7-годишно девојче и 10-годишно момче кои се пренесени во Нови Садскиот Завод за здравствена заштита на деца и младинци за понатамошна дијагностика – вели Мариќ.

Сообраќајната несреќа се случила денеска околу 11.50 часот во близина на клучката Ковиљ. До несреќата дошло кога се судриле две возила.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Newnow.rs (@newnow.rs)

Поврзани содржини