ХРАНА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ Состојките во јаболката и грозјето го спречуваат растот на малигни клетки на простатата

Истражувањата покажуваат дека соединенијата од грозјето и јаболката заедно можат да го спречат формирањето и растот на малигните клетки на простатата, како една од почестите форми на рак кај мажите, особено кај мажите над 60-годишна возраст.

292

Јадењето јаболка и грозје може да помогне во одложување на настанокот на малигни клетки на простата, еден од трите најчести типови на рак кај мажите. Ова го тврди студијата објавена во списанието „Precision Oncology“, откривајќи дека комбинацијата на хранливи соединенија од овие два вида овошје може да го спречи растот на клетките на ракот на простата.

Како дел од оваа студија, тим истражувачи од Универзитетот во Тексас во Остин испитувале 142 природни соединенија, кои ги тестирале на глувци и човечки клетки за да утврдат кои од нив би можеле да го инхибираат растот на клетките на ракот на простата кога се користат сами или во комбинација со други соединенија.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини