ХРАНА ВО ВРЕДНОСТ ОД 10.000 ЕВРА Кавадарци ќе додели помош за украинскиот народ

Со седумнаесет гласа „за“ и еден глас „воздржан“ е донесена одлуката Општината да издвои 600.000 денари за здружението кое ќе треба да набави прехранбени продукти, а со донации ќе се приклучи и бизнис секторот.

370

На вонредна седница на советот на Општина Кавадарци е донесена одлука  да се испрати хуманитарна помош за народот на Украина.

Ваквата олдука уследи по доственото барање од Здружението на Украинци во земјава „Лесја Украинка“.






Со седумнаесет гласа „за“ и еден глас „воздржан“ е донесена одлуката Општината да издвои 600.000 денари за здружението кое ќе треба да набави прехранбени продукти, а со донации ќе се приклучи и бизнис секторот.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и претседателот на советот Стојанчо Рамов упатија апел до кавадарчани и овој пат да ја покажат својата хуманост, а претставник на Здружението „Лесја Украинка“ упати благодарност за одобрената хуманитарна помош.

Поврзани содржини