Хотелот „Ibis Styles“, поранешна „Мала Богорoдица – Систина“, понуден да биде Центар за изолација!

Ако 47-те соби на овој хотел не бидат доволни, „Аџибадем систина“ и „Орка Холдинг“ го нудат и хотелот „Ibis Skopje City Center“, кој располага со 110 соби. Сите трошоци за опремување на собите и за медицинскиот персонал ќе бидат на товар на компанијата.

5,691

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ соопштуваат дека од утре целосно го ставаат на располагање капацитетот на Хотелот „Ibis Styles“, поранешната болница „Мала Богородица – Систина’, на Министерството за здравство.

Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на суспектни лица на вирусот Ковид-19, на кој им е определен 14-дневен изолационен период (карантин) од надлежните органи на државата.






Медицинскиот тим, како и сета друга неопходна медицинска поддршка, ќе бидат обезбедени од „Аџибадем Систина“. Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од „Аџибадем Систина“ и од „Орка Холдинг“.

Хотелот Ibis Styles располага со капацитет од 47 соби, кои целосно ќе бидат пренаменети и опремени со потребните медицински материјали.

Доколку се јави потреба од дополнителни капацитети, покрај овие 47 соби на хотелот „Ibis Styles“, „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ се подготвени целосно да ги отстапат и капацитетите на „Ibis Skopje City Center“, хотел кој располага со 110 соби, кои би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали.

„На сите нас останува да продолжиме да ги следиме препораките и насоките на Министерството за здравство, да веруваме во оние кои ја вложуваат сета своја професионалност со цел оваа ситуација да има најдобар можен исход, и заедно, со висока свест, да придонесеме ова ситуација да биде побрзо надмината“, се вели во соопштението.

Во продолжение, изјава на проф. д-р Владо Димов за телевизија Сител:

Поврзани содржини