ХОРОР ВО ВОЛКОВО, 23-ГОДИШНИК СИЛУВАЛ ПЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Три месеци ја злоупотребувал и ѝ се заканувал да молчи

Обвинителството покрена обвинение за злоупотреба на малолетно дете во Волково, се бара продолжување на притворот за обвинетиот.

2,118

23-годишен жител на скопското населено место Волково се соочува со обвинение за извршување полови дејствија врз девојче кое немало наполнето 15 години. Обвинението е поднесено по истрага во која биле обезбедени докази за наводните случувања.

Според обвинителството, во периодот од мај до јули годинава, младиот маж во својот дом вршел дејствија кон петгодишното девојче и ѝ упатувал закани да не кажува на нејзиниот татко. Надлежните институции реагирале откако случајот бил пријавен.






Јавниот обвинител до судот доставил и предлог за продолжување на притворот, сметајќи дека тоа е неопходно за непречено продолжување на постапката и заради заштита на детето.

Поврзани содржини