🎥 ХОРОР ВО УЧИЛИШТЕ ВО ГРАЦ, НАЈМАЛКУ ОСУМ МРТВИ Цела Австрија стравува од исходот на драмата која е во тек

Неколку стотици полицајци моментално се на местото на настанот, а операцијата почнала околу 10 часот наутро, откако внатре во училиштето се слушнале истрели. Според првичните информации, човекот што отворил оган е застрелан.

1,126

Најмалку осум лица се мртви по пукотницата што се случи утрово во Грац, во училиште во округот Ленд во Австрија. Вооружен човек отворил оган во средно училишта.

Според австрискиот „Кронен цајтунг“, неколку стотици полицајци моментално се на местото на настанот, вклучувајќи ги и членовите на единицата „Кобра“.






Штаерската полиција вели дека операцијата почнала околу 10 часот наутро, откако внатре во училиштето се слушнале истрели, соопшти полицијата.

Сопруг на наставничка забарикадирана внатре изјавил дека неговата сопруга слушнала „неколку“ истрели утрово.

Поврзани содржини