ХОРОР ВО ТУЗЛА, МАЈКА ЈА УБИЛА ЌЕРКАТА СО ЧЕКАН! Ниту трага, ниту глас од осомничената, страшни детали од злосторството

Според неофицијалните сознанија на босанските медиуми, делото го извршила мајката на убиената. Инспекторите пронајдоа проштални писма, но и чеканот со кој било извршено убиството.

2,124

Во семејната куќа во Тузла околу полноќ било пронајдено тело на жена (31).

Телото го пронашол таткото, кој веднаш ја известил полицијата.






Во истрагата било констатирано дека жената имала повреди на задниот дел од главата, а точната причина за смртта ќе ја утврди обдукцијата.

Според неофицијалните сознанија на босанските медиуми, делото го извршила мајката на убиената. Инспекторите пронајдоа проштални писма, но и чеканот со кој било извршено убиството.

Осомничената мајка на убиената не е пронајдена во куќата, а од утрово по неа трагаат единиците на МУП на кантонот Тузла.

Според локалните медиуми, убиената била тешко болна.

Поврзани содржини