ХОРОР ВО САД Убиец киднапирал трудница и четири деца

Властите во Минесота на социјалните мрежи наведуваат дека Чад Анеруд е осомничен дека убил маж пред да ги киднапира својата девојка и нејзините деца.

149

Во САД е активиран алармот „Амбер алерт“ бидејќи вооружен маж киднапирал трудница и нејзините четири деца.

Драмата се одвивала во Минесота, а се сомнева дека децата и нивната бремена мајка биле киднапирани од нејзиното вооружено момче, пишува американски Мирор.






Полицијата трага по Никол Добсон (33) и по нејзините деца Брендон (14), Хели (11), Грејси (7) и Клои, кои ги киднапирал 35-годишниот Чад Анеруд.

Властите во Минесота на социјалните мрежи наведуваат дека Чад Анеруд е осомничен дека убил маж пред да ги киднапира својата девојка и нејзините деца.

Наводно, Чад бил виден како вози бело комбе „крајслер пацифика“ од 2017 година.

Според извештаите, тој влегол во куќата каде што била Никол со децата и испукал рафал во таванот пред да ги натера мајката и децата да го следат.

Претходно, тој убил човек и ја запалил неговата куќа.

Во овој момент не се знае во кој правец побегнал киднаперот со жртвите. Полицијата ја замолува јавноста да не му приоѓа.

Поврзани содржини