ХОРОР ВО ПАНЧЕВО Убиено цело руско семејство

Средовечен маж со остар предмет ги убил сопругата и детето, а потоа се обесил

1,177

Во стан во Панчево, синоќа околу полноќ се пронајдени три мртви членови на руско семејство. Според првичните сознанија средовечен маж со остар предмет ги убил сопругата (50) и детето (9), а потоа се обесил.

Српските медиуми информираат дека станува збор за руски државјани. Семејството минатата година се преселило во Панчево, а имале уредни дозволи за престој и визи. Нивните пријатели, исто така руски државјани, пријавиле во полиција дека не им одговараат на повиците.






Досега немало јавувања од тоа семејство и од соседството поради расправија и врева, пренесуваат српските медиуми.

Поврзани содржини