ХОРОР ВО КАБУЛ Мајка преку ѕид му го предава своето девојче на американски војник ВИДЕО

Кошмарните сцени во Авганистан продолжуваат. Населението бега во толпи, додека талибанците пукаат во воздух да го заплашат и да го спречат да избега.

686

Мајка го предава своето девојче на американски војник кој го прифаќа преку ѕидот кој ги дели Американците од талибанците на аеродромот во Кабул, открива трагична видео-сторија на Си-Ен-Ен. Кошмарните сцени во Авганистан продолжуваат. Населението бега во толпи, додека талибанците пукаат во воздух да го заплашат и да го спречат да избега.

Погледнете го видеото од детето кое беше спасено.






Една друга жена била пречекана со камшици пред аеродромот и била прашана зошто бега без својот маж, а потоа ја раскажала својата потресна сторија. Таа имала виза и сакала да се качи на авионот.

Во целиот хаос, американските војници мораат да користат солзавец за да ја контролираат толпата од луѓе, што предизвикува дополнителна паника.

Поврзани содржини