(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) 📷 ХОРОР ВО ХРВАТСКА Маж се поли со бензин пред зградата на владата

Очевидец за Јутарњи рекол дека во непосредна близина на зградата на Владата забележал видно растроен човек како се полева со течност. Лицето со тешки рани во моментот е на интензивно лекување, јавуваат хрватските медиуми.

704

Маж се полил со бензин и се запалил пред зградата на Владата на Република Хрватска. Kако што дознава Јутарњи лист, повредениот се наоѓа на Клиниката за трауматологија во Драшковиќева. Тој е во тешка состојба и му е загрозен животот, а се спроведуваат мерки за интензивно лекување. Лекарите напладне ќе дадат официјална изјава за состојбата на жртвата.

Инцидентот се случил околу 9 часот и 30 минути утринава на Марковиот плоштад.






Очевидец за Јутарњи рекол дека во непосредна близина на зградата на Владата забележал видно растроен човек како се полева со течност.

Хрватски Дневник пишува дека пред во време на инцидентот пред владата бил и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој бил шокиран и веднаш го повикал министерот за здравство Вили Берош и заедно ја координирале акцијата за згрижување на човекот.

Обезбедувањето на хрватската Владата многу брзо било известено за овој потег, а кога повторно ги свртеле погледите кон човекот за да тргнат кон него и да го легитимираат, тој веќе бил зафатен од пожар.

Од Јавното обвинителство на Загреб потврдија дека во 9 часот и 37 минути добиле пријава за настанот.

„Според првите информации, лицето се запалило и на местото на настанот е испратена итната помош. Во моментов се утврдуваат сите околности на настанот“, велат кусо од полицијата.

Просторот во круг од 50 метри околу Марковиот плоштад е затворен со лента и полицијата не пропушта луѓе, освен вработени и станари во хрватската влада.

Поврзани содржини