📷 ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА, УЧЕНИК ИЗБОДЕ НАСТАВНИЧКА Напаѓачот бил застрелан при апсењето

Ројтерс напиша дека напаѓачот, 18-годишен ученик кој долго време бил во конфликт со наставничката, бил застрелан во полициската акција за негово апсење. Германската полиција соопштила дека напаѓачот во моментот добива медицинска нега.

1,108

Ученик нападнал наставничка со нож утрово во просториите на стручно училиште во германскиот град Есен и ја избодел во стомакот.

Жртвата се здобила со сериозни повреди и била итно префрлена во Универзитетската клиника, каде што се во тек подготовките за итна операција. Засега не е познато дали е во животна опасност, објавува „Билд“.






Ројтерс напиша дека напаѓачот, 18-годишен ученик кој долго време бил во конфликт со наставничката, бил застрелан во полициската акција за негово апсење. Германската полиција соопштила дека напаѓачот во моментот добива медицинска нега.

Повредената наставничка се здобила со тешки телесни повреди и била итно префрлена во Универзитетска клиника, каде што се во тек подготовките за итна операција.

Голем број полицајци и специјални единици се забележани на терен во училиштето откако инцидентот беше пријавен околу 9:30 часот наутро. Над комплексот во образовниот парк во Есен кружеше хеликоптер.

 

Поврзани содржини