ХОРОР ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Маж си ги убил 13-годишниот син и поранешната сопруга

Телата на починатата мајка и син се пронајдени во станбено-деловен објект, а начинот на убиство сѐ уште не е познат.

402

Две лица беа убиени во четвртокот во Калесија, општина во Босна и Херцеговина, а сторителот е во бегство. Портпаролот на кантоналното обвинителство во Тузла, Адмир Арнаутовиќ, потврди дека се пронајдени телата на жена и на нејзиниот 13-годишен син, објави Мондо.

Како што беше кажано, мажот ги убил сопругата и синот, а полицијата моментално трага по него. Телата се пронајдени во станбено-деловен објект, а според неофицијални информации, мажот и жртвата Инела С. биле формално разведени, но живееле заедно.






– Повеќе детали ќе се знаат подоцна – рече Арнаутовиќ.

Тој додаде дека засега не е познат начинот на убиство.

Според познатото, Селимовиќ работела на пазарот во станбено-деловната зграда каде што живеела со синот и со поранешниот сопруг.

Поврзани содржини