ХОРОР ВО БЕЛГРАД Воспитувачки во детска градинка злоставуваат деца – ги тепаат, ги влечат и ги газат (ВИДЕО)
Бруталноста оди до таму што на снимката се гледа како една од воспитувачките буквално го влече едно дете за рацете, а друга, пак, го држи детето на подот и го гази со нозете додека тоа плаче.
Воспитувачки во приватна детска градинка во населбата Вождовац во Белград злоставуваат, тепаат и ги газат децата кои им се оставени на чување.
Злоставувањето е обелоденето во видео кое со голема брзина се шири на социјалните мрежи, а на снимката која е направена со мобилен телефон може да се види како воспитувачките ги малтретираат уплаканите дечиња.
Бруталноста оди до таму што на снимката се гледа како една од воспитувачките буквално го влече едно дете за рацете, а друга, пак, го држи детето на подот и го гази со нозете додека тоа плаче.
— Babica Travica (@BabicaTRAVICA) January 20, 2021