🎥 ХОРОР БОЛНИЦА ВО СУРДУЛИЦА Болничка соба полна со стршлени
Од видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат инсекти насекаде низ собата во која лежат болни пациенти.
Гнездо од стршлени на плафонот и инсекти по целата соба снимени се во болницата во Сурдулица на југот на Србија. Снимките објавени на социјалните мрежи кои покажуваат руинирани болнички соби полни со инсекти во кои престојуваат болните, предизвикаа бурни реакции во јавноста и во медиумите во Србија.
Српските медиуми пренесуваат дека во болницата бил повикан Владица Станковиќ познат како човек што фаќа змии и чисти куќи од опасните гнезда на стршлени. Тој овој пат интервенирал во болницата во Сурдулица и ги снимил хорор сцените од болничките соби.
View this post on Instagram
Станковиќ ја снимил собата во Оделението за интерна медицина во болницата каде што се вгнездиле стршлените на таванот, а потоа интервенирал и од покривот за да ги отстрани гнездата.
View this post on Instagram
Поради оваа интервенција пациентите морале да бидат преместени од просторијата каде што биле стршлените. Од видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат инсекти насекаде низ собата во која лежат болни пациенти.