ХОЛОКАУСТОТ НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ Ковачевски повика да бидеме гласни против антисемитизмот
На овој ден, потсети Ковачевски, се сеќаваме и им оддаваме вечна слава и почит и на македонските Евреи кои ги загубија своите животи во концентрациониот логор Треблинка, заедно со 6 милиони Евреи кои беа погубени во Аушвиц-Биркенау и во другите логори на смртта.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27 Јануари, напиша на фејсбук да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција.
Можеби ќе ве интересира
„Денеска, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на холокаустот, до нас допираат судбините на сите жртви во нацистичките логори на смртта. Секој од нив има своја порака за сите нас, судбините на тие луѓе никогаш не треба да ги заборавиме. Наша обврска е да го одржуваме споменот за нив и нивното страдање, во историските учебници, преку образованието. Тоа е наша цивилизациска обврска. Да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, и да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција“, објави Ковачевски.
На овој ден, потсети Ковачевски, се сеќаваме и им оддаваме вечна слава и почит и на македонските Евреи кои ги загубија своите животи во концентрациониот логор Треблинка, заедно со 6 милиони Евреи кои беа погубени во Аушвиц-Биркенау и во другите логори на смртта.
„Никогаш да не се заборави, за да не се повтори“, напиша Ковачевски на Фејсбук.