Холивудската актерка позитивна на коронавирус, на Инстаграм ги откри своите симптоми ФОТО

323

Холивудската актерка Рејчел Метјуз на инстаграм-стори објави дека е позитивна на коронавирусот.

26-годишната Рејчел, најпозната по улогата во хитот на Дизни, „Фрозен 2“ ја откри нејзината дијагноза на Инстаграм во понеделникот.






„Здраво дечки, се тестирав од ковид-19 и тестот е позитивен, па ќе бидам цела недела во карантин. Не сум сигурна кој е следниот чекор, но сигурно ќе останам во карантин сè додека не ми биде кажано нешто поинакво. Се чувствувам подобро, но ќе објавам некои информации кои се надевам ќе бидат корисни“, напишала таа, па продолжила:

„Бидете слободни да ме прашате што и да посакате. Би сакала да помогнам колку што можам“, истакнала актерката, а пораки со поддршка ѝ пристигнуваат од цел свет.

„Сега е време да бидеме паметни и одговорни. Ајде да си помогнеме едни на други“, додаде таа, пред да ги сподели своите симптоми, истакнувајќи дека вирусот може да се пренесе без видливи симптоми.

Актерката вели дека првиот ден се чувствувала изморена, болка во грлото и главоболка, додека веќе следниот ден имала блага температура (37,9), имала ужасни болки во телото, имала остра болка во белите дробови, ѝ се појавила сува кашлица, а немала ни апетит.

Третиот ден, температурата исчезнала, болките во телото станале поблаги, но состојбата на белите дробови ѝ се влошила. Таа вели дека кашлицата ѝ се влошила, имала тешкотии во дишењето, а чувствувала и голем замор. Апетитот не ѝ се вратил.

На четвртиот ден, нејзините симптоми се ублажиле, но таа сè уште имала тешкотии со дишењето. Таа вели дека исто така го изгубила чувството за мирис и вкус, а апетитот сè уште не ѝ се вратил.

На петтиот, шестиот и седмиот ден,  почувствувала слични симптоми како и на четвртиот, но вели дека генерално се чувствува подобро.

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

 

Поврзани содржини
na