ХИТ ОГЛАС ВО ОСИЈЕК: Барам девојка што ќе му прави друштво на мојот син (11) на море додека јас ловам риби, сѐ е платено!

Во огласот се наведува и дека патувањето е планирано за крајот на јуни, односно почетокот на јули и дека тие ќе останат на море две недели.

1,106

Жителот на Осијек, Здравко Д., објавил многу необичен оглас во кој бара девојка која ќе се грижи и ќе се дружи со неговиот 11-годишен син Карло.

Карло е здраво момче на кое му треба друштво за играње и пливање. Лицето кое ќе одговори на огласот ќе има платено патување, сместување и храна, па дури и дневница по договор.






Во огласот се наведува и дека патувањето е планирано за крајот на јуни, односно почетокот на јули и дека тие ќе останат на море две недели.

– За жал, мојата сопруга не е во можност да оди со нас и дојдовме до оваа идеја. Искрено, сакам да одам на риболов наутро во текот на летото, сакам и да прошетам на некои места каде можеби Карло не би сакал да оди. И како и секој родител, и јас сакам да си помине убаво и двајцата заклучивме дека би било одлично да ангажираме личност која ќе го анимира – рече Здравко за „Глас Славоније“.

Тој додаде дека, во договор со Карло – инаку одличен ученик, решил да однесе на море само помлада жена која ќе може да го следи темпото на Карло, да скока во вода, да плива, да нурка и други активности на море.

Поврзани содржини