📽️ ХЕРОИНА НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА Со луксузен џип тргна по крадците што влегле во нејзиниот дом

Безбедносните камери го снимиле моментот кога сопственичката на домот со луксузен теренец удира во автомобил на осомничени по обид за кражба.

672

Инцидент со обид за кражба во семејна куќа во Калифорнија заврши драматично, откако сопственичката на домот со својот Mercedes-Benz G-Wagon удрила во автомобил на осомничените додека тие се обидувале да побегнат.

Според американските медиуми, жената излегла кратко да си купи кафе и во тој момент разговарала по телефон со својата мајка, која се наоѓала во куќата заедно со нејзините деца. Разговорот бил прекинат кога мајката почнала да вика: „Помош! Помош! Помош!“.






Веднаш по тоа, жената се свртела со возилото и со голема брзина се упатила кон својот дом. Во меѓувреме, осомничените, според изјавата на сопругот на жената, Дејвид, прескокнале преку предната порта и се обиделе да влезат од задната страна на куќата, најверојатно преку лизгачката врата.

– Тие се соочиле со мајката на мојата сопруга и веднаш избегале – изјавил Дејвид.

Безбедносните камери го забележале моментот кога жената со својот „G-Wagon“ се движи по улицата и удира во бел седан во кој биле осомничените. Иако судирот предизвикал материјална штета, сопругот тврди дека ударот не бил намерен.

 

– Таа беше преплашена и загрижена дека ќе му наштетат на семејството – вели Дејвид.

Полицијата во Лос Анџелес соопштила дека во напуштениот бел седан пронашла возачка дозвола, а истрагата за обидот за кражба е во тек.

Поврзани содржини