🎥 ХЕЛИКОПТЕР СО ХИНДУ ВЕРНИЦИ СЕ УРНА ВО ИНДИСКИТЕ ХИМАЛАИ Сите патници изгореа
Леталото, управувано од приватната компанија „Арјан Авијејшн“, се урнало во шумски предел недалеку од рутата за поклоништво Кедарнат. Според првичните информации, несреќата најверојатно е предизвикана од лоши временски услови.
Седум лица загинаа утрово во пад на хеликоптер што превезувал хинду верници во индиската држава Утараканд, соопштија локалните власти.
Хеликоптерот летал од Кедарнат до Гупткаши, познато место за верски аџилак на Хималаите. Несреќата се случила неколку минути по полетувањето, околу 5:30 часот по локално време.
Леталото, управувано од приватната компанија „Арјан Авијејшн“, се урнало во шумски предел недалеку од рутата за поклоништво Кедарнат. Според првичните информации, несреќата најверојатно е предизвикана од лоши временски услови.
Во несреќата загинале пилотот и верници од индиските држави Утар Прадеш, Махараштра и Гуџарат. Телата биле целосно изгорени во пожарот што настанал по падот.
Падот на хеликоптерот се случи само 3 дена по падот на авион на „Ер Индија“ во Гуџарат, во кој загинаа 241 патник и најмалку 29 лица на земја. Само еден патник ја преживеа авионската несреќа.