📽 📷 ХЕЛИКОПТЕР СЕ УРНА НА ОБИКОЛНИЦАТА ВО МАДРИД Три лица се полесно повредени во несреќата
Едниот од пилотите на хеликоптерот сам излегол од леталото, а на другиот му помогнала спасувачката служба, првиот има полесни повреди на главата, а вториот пилот има повреди на бутната коска.
Три лица се полесно повредени во хеликоптерска несреќа во Шпанија, кога хеликоптер се урна на обиколницата во Мадрид.
Несреќата се случила на патот М-40 на северот на Мадрид, недалеку од велесаемот ИФЕМА, каде деновиве се одржува саем на европското воздухопловство Европски ротор. На местото на несреќата се наоѓаат противпожарни возила и Брза помош.
📣Retenciones en #M40 en ambos sentidos.
➡️@guardiacivil se encarga de la seguridad vial.
➡️@policia de la investigación del accidente aéreo. pic.twitter.com/Lb0cA9op9a
— Emergencias Madrid (@EmergenciasMad) December 1, 2023
Едниот од пилотите на хеликоптерот сам излегол од леталото, а на другиот му помогнала спасувачката служба, јави шпанската државна телевизија ТВЕ. Првиот има полесни повреди на главата, а вториот пилот има повреди на бутната коска.
Dos bomberos de @bomberosunidos que se encontraban en las proximidades han realizado la primera asistencia tras producirse el accidente. pic.twitter.com/MlWfBHZXTw
— Emergencias Madrid (@EmergenciasMad) December 1, 2023
Полесно е повредено и уште едно лице, возачот на автомобил кој поминувал по автопатот кога таму се урнал хеликоптерот. Тој се здобил со расекотини од скршено стакло.
Причината за несреќата сè уште не е позната, а истрагата е во тек.