Хеликоптер во низок лет денеска околу 11.40 часот ги вознемири жителите на селото Долна Матка. Леталото, за кое се претпоставува дека е воено, бучно во два круга ги надлета покривите на куќите во селото.
Доколку за еден ваков лет над населено место не постои некоја посебна причина, се поставува прашањето – кому му се потребни вакви егзибиции и што е нивната цел?