Хавајската фока понекогаш е скапа играчка (ВИДЕО)

Властите предупредуваат дека луѓето мораат да бидат оддалечени најмалку 15 метри од животното или 45 метри од мајки со младенчиња.

570

Туристка од Америка, која била на меден месец на Хаваите, казнета е со 500 долари поради тоа што допрела хавајска фока, една од загрозените животински видови.

Таа самата објавила видео на Тик-Ток каде го прикажува токму тој момент, објавија американските власти.






Националната управа за океани и атмосфера (НОАА) минатиот месец спроведе истрага и утврди дека жената го прекршила Законот за загрозени видови, изјави Доминик Ендрус, портпарол на агенцијата за спроведување на закони.

Жената и нејзиниот партнер, кои ја допирале фоката и се фотографирале со неа на плажа, во изјава за „Хонолулу“ се извинија и изјавија дека ги сакаат Хаваите и не сакаат да навредат никого.

Се проценува дека на северозападните Хавајски острови има 1.100 хавајски фоки, а 300 на главните острови.

Законот строго забранува повредување, убивање или малтретирање на овие животни, а максималните казни се до 5 години затвор и парични казни до 50.000 американски долари.

Властите предупредуваат дека луѓето мораат да бидат оддалечени најмалку 15 метри од животното или 45 метри од мајки со младенчиња.

НОАА казни и друг турист со 500 американски долари за истиот сторен чин.

Поврзани содржини