Харви Вајнстајн се заразил со коронавирус во затвор

Вработените во „Венде“ одбиле да дадат изјава за новинарите, а коментар сè уште нема ниту од Дона Ротуно, адвокат на Вајнстајн.

785

Холивудскиот магнат Харви Вајстајн е позитивен на коронавирусот откако направил тестирање во затворот каде што ја одлежува казната од 23 години поради силување, пишува „Индипендент“.

Како што е наведено во текстот, 68-годишниот Вајстајн бил веднаш пренесен во изолација во затворот „Венде“, кој се наоѓа во близина на Бафало, Њујорк. Според „Газета“, пак, тој во средата бил преместен од затворот „Рикерс“, а се верува дека, пишува весникот, со коронавирусот се заразил пред да биде преместен од еден затвор во друг.






Вработените во „Венде“ одбиле да дадат изјава за новинарите, а коментар сè уште нема ниту од Дона Ротуно, адвокат на Вајнстајн.

Поврзани содржини