📽 ХАРИС ЈА ЗГОЛЕМИ ПРЕДНОСТА ПРЕД ТРАМП Нова анкета пред ноемвриските избори во САД
Кампањата на Камала Харис вчера објави дека досега собрала 540 милиони долари во изборната трка против републиканскиот ривал Трамп.
Демократската претседателска кандидатка Камала Харис има 1% предност пред републиканскиот ривал Доналд Трамп пред изборите во ноември, покажува најновата анкета на весникот „Волстрит Џурнал“.
Според анкетата, Харис има поддршка од 48% од гласачите, додека Трамп го поддржуваат 47%.
Кампањата на Камала Харис вчера објави дека досега собрала 540 милиони долари во изборната трка против републиканскиот ривал Трамп.
Кампањата соопшти дека има зголемување на донациите за време на минатонеделната Демократска национална конвенција во Чикаго, каде што Харис и нејзиниот кандидат, гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги прифатија номинациите, пишуваат француските медиуми.
Кампањата на Трамп претходно овој месец објави дека во јули собрала 138,7 милиони долари, а на почетокот на август имале 327 милиони долари во готовина.