Внукот на кралицата Елизабета Втора и неговата сопруга поседуваат имејлови и пораки на мобилните телефони кои ги потврдуваат нивните обвинувања.
И понатаму не се смирува бурата по интервјуто на принцот Хари со сопругата што ѝ го дадоа на Опра Винфри, а според последните тврдења, парот кој го напушти британското кралско семејство поседува докази за бомбастичните обвинувања што ги изнесе за време на двочовниот разговор со американскита водителка!
Како што пренесува „Дејли мејл“, внукот на кралицата Елизабета Втора и неговата сопруга, американска актерка чија мајка е Афроамериканка, зачувале имејлови и пораки на мобилните телефони кои довеле до тоа да го напуштат удобниот живот во палатата и да се преселат во САД.
Постоењето на доказите го открила Џанина Гаванкар, блиска пријателка на Меган Маркл.
„За да им биде јасно на сите, зборувам во мое лично име, а не во нивно“, рекла таа на почетокот на разговорот и продолжила:
– Ја познавам Меган 17 години и таа не е некој што лесно би си играл со судбините на луѓето. Таа не би ги злоупотребила луѓето со кои работи. Таа и Хари се жртви. Сигурна сум дека вистината ќе излезе на виделина. Тие имаат доволно докази за своите обвинувања. Има многу пораки на мобилните телефони и во имејловите – рекла таа.
Да потсетиме, меѓу најшокантните обвинувања што ги изнесоа Хари и Меган се наоѓа и тоа дека еден постар член на кралското семејство ги прашал каква боја на кожата ќе има нивното бебе, како и дека Меган била советувана да се смири и да не го срамоти семејството кога се пожалила дека има психички проблеми и дека размислува за самоубиство.