ХАОСОТ НА ТАБАНОВЦЕ ПРОДОЛЖИ Долги колони возила има и денес за влез во Македонија
И вчера ја имавме истата слика на овој премин поради претстојните празници Нова година и Божиќ, македонските државјани кои престојуваат и работат во Европа, се упатија дома. Вчера на Табановце се чекаше по еден час.
Исто како и вчера, и денеска на граничниот премин Табановце има долги колони возила и автобуси кои со часови чекаат да влезат во Македонија.
Како што може да се види на фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи, граѓаните чекаат за влез во земјава.
И вчера ја имавме истата слика на овој премин поради претстојните празници Нова година и Божиќ, македонските државјани кои престојуваат и работат во Европа, се упатија дома. Вчера на Табановце се чекаше по еден час.
Граничната полиција соопшти дека го зголемила капацитетот и оти отворила дополнителни шалтери. За доцнењата, од таму ги обвинуваат протоколите за коронавирус.
– Пуштени се девет шалтери. Има граѓани кои не се информирани за протоколите и немаат ПЦР тест или сертификат со вакцина – велат од полицијата.