Хаос во живо: Куче ѝ го украде микрофонот на новинарката и побегна ВИДЕО

698

Прогнозата за времето во живо во Москва стана вирална откако куче влета во кадарот и го украде микрофонот на новинарот, пренесоа руските медиуми.

Преносот во живо на руската новинарка на „Мир ТВ“, Надежда Сережкина, беше прекинат од разигран златен ретривер кој скокнал врз неа, и го фатил микрофонот од раката и избегал.






Сержокина му довикнала на кучето да „застане“ и „дојди овде“ додека се обидувала неуспешно да го фати на мостот од кој известувала, објави снимателот Димитри Лотовски на Твитер.

И додека снимателот ја снимал како го брка кучето, на следниот кадар се гледа збунетата водителка во студиото.

– Изгледа дека изгубивме контакт со нашиот новинар. Ќе се обидеме повторно да стапиме во контакт со неа  – рекла водителката.

Се испоставило дека светлиот микрофон го привлекол вниманието на кучето. За среќа, никој не бил повреден.

 

Поврзани содржини