📽 ХАОС ВО РУСИЈА КАКОВ ШТО НЕ СЕ ПАМЕТИ! Се излеа третата најголема река во Европа, поплавени цели региони

Нивото на водата во реката Урал во близина на Оренбург во средата се искачи на над 10 метри, далеку над критичната точка.

1,546

Ситуацијата во делови од Русија стана алармантна поради големите поплавите и надојдените реки над критичниот водостој. Натешка е ситуацијата во градот Оренбург и во околните области.

– Големи количини вода поплавува нови региони – предупреди во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






Нивото на водата во реката Урал во близина на Оренбург во средата се искачи на над 10 метри, далеку над критичната точка, објави новинската агенција РИА.
Поплавите се опишани како најлошите што го погодиле регионот во последните 80 години.

Илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во јужна Русија, а официјални лица во соседен Казахстан велат дека бројот на евакуирани таму се искачи на 97.000. Цели села ги проголтаа излеаните реки.
Околу 2.000 домови се поплавени во Оренбург, каде нивото на водата го надмина критичното ниво од 9,3 метри и сè уште расте. Градот има население од 550.000 жители и се наоѓа на околу 1.500 километри југоисточно од Москва.

– Засега прогнозата не е поволна. Нивото на водата продолжува да расте – рече Песков, додавајќи дека „големо количество“ вода од поплавите наскоро ќе стигне до блиските региони Курган и Тјумен.

Минатата недела, неколку реки, вклучувајќи ја и реката Урал, трета по големина во Европа, се излеаја од коритата откако наглото топење на снегот и мразот предизвикаа нагло зголемување на нивото на водата.

Поврзани содржини