ХАОС ВО ПРИЛЕП И ВО КРИВОГАШТАНИ Украден е автомобил, па тројца прилепчани и еден кривогаштанец нападнале полицајци
Четворицата уапсени го нарушувале јавниот ред и мир и физички нападнале полициски службеници од ОВР Прилеп при вршење службени дејствија, а притоа упатувале навреди и закани кон истите.
На 19 октомври 2024 година, во 22.20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги уапсиле С.К. (54), Х.К. (25), Т.В. (38), тројцата од Прилеп, и М.В. (38) од село Кривогаштани.
Имено, истите го нарушувале јавниот ред и мир и физички нападнале полициски службеници од ОВР Прилеп при вршење службени дејствија, а притоа упатувале навреди и закани кон истите.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден, во 19.15 часот во Полициско одделение Кривогаштани, Д.Г. од село Кривогаштани пријавил дека од неговиот двор било одземено неговото патничко моторно возило ,,опел омега” со прилепски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.