ХАОС ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ Полицаец му се заканувал на командирот, веднаш доби кривична и суспензија
Настанот се случил на 25 февруари 2025 година, кога Г.Т. влегол во канцеларијата на командирот, револтиран од мерките што биле преземени против него по претставка од граѓани за недолично постапување при санкционирање на сообраќајни прекршоци.
Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Г.Т. од Свети Николе, осомничен за „загрозување на сигурноста“. Според полицијата, тој во службените простории на ОВР Свети Николе агресивно се однесувал и упатувал закани кон командирот на станицата К.М.
Настанот се случил на 25 февруари 2025 година, кога Г.Т. влегол во канцеларијата на командирот, револтиран од мерките што биле преземени против него по претставка од граѓани за недолично постапување при санкционирање на сообраќајни прекршоци. Наместо да даде објаснување, тој го обвинил својот претпоставен дека стои зад претставката и почнал вербално да му се заканува.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека, покрај кривичната пријава до Основното јавно обвинителство во Свети Николе, ќе биде поведена дисциплинска постапка против Г.Т., а тој ќе биде суспендиран од работа додека трае истрагата.