📽 ХАОС ВО ИСТАНБУЛ Избувна пожар во универзитетски кампус

Темниот чад се издигна високо над градот, што предизвика паника кај многу жители, но со брзата интервенција на противпожарните единици пожарот е ставен под контрола, јави турската национална телевизија.

173

Во Истанбул избувна пожар на градилиштето на кампусот на Техничкиот универзитет Маслак (ИТУ). Според локалните медиуми, тој е ставен под контрола.

Пожарот избувнал во контејнер во кој престојувале работници при изградбата на зградата за странски јазици во кампусот на ИТУ Маслак.






Темниот чад се издигна високо над градот, што предизвика паника кај многу жители, но со брзата интервенција на противпожарните единици пожарот е ставен под контрола, јави турската национална телевизија.

„На 6 март околу осум часот избувна пожар во контејнер лоциран во рамки на кампусот на ИТУ-Маслак каде што престојуваа работници. Во инцидентот нема жртви или повредени. По интервенцијата, пожарот бил ставен под контрола на противпожарната бригада, а гаснењето продолжува. Причината за пожарот сè уште не е позната“ – се наведува во изјавата на гувернерот на Истанбул
Во соопштението се наведува и дека е покрената истрага за инцидентот.

Поврзани содржини