ХАОС ВО БЕЈРУТ Снајпери пукаат во народот, тие возвратија со зољи и калаши (ВИДЕО)

Како што оценува Ројтерс, ова е еден од поголемите градски конфликти во Либан во последните неколку години и нагласува продлабочување на политичката криза поради истрагата за катастрофалната експлозија на 4 август во 2020 година.

1,643

Најмалку 2 лица загинаа денеска во Бејтур кога почнало да се пука кон демонстрантите, кои се упатиле на протест барајќи промена на судијата кој го истражувал случајот со минатогодишната експлозија.

 






Како што оценува Ројтерс, ова е еден од поголемите градски конфликти во Либан во последните неколку години и нагласува продлабочување на политичката криза поради истрагата за катастрофалната експлозија на 4 август во 2020 година.

Либанската војска соопштила дека пукањето кон демонстрантите започнало додека поминувале низ сообраќајница која се наоѓа на подрачјето кое ги дели христијанското и штиитското муслиманско население.

 

Како што беше објавено на Твитер, во немирите користен е и рачен ракетен фрлач РПГ-7.

 

Премиерот повикал на смирување на тензиите, а изворот од редовите на војската рекол за Ројтерс дека две лица биле убиени додека седум се ранети.

 

Поврзани содржини