ХАОС НА ЛЕТОТ ОД ГЕРМАНИЈА Инцидент пред слетување на аеродромот во Скопје
Физичка пресметка меѓу патници во авион од Германија што слета на Меѓународниот аеродром Скопје. Полицијата го истражува инцидентот.
Инцидент во авион што слетал на Меѓународниот аеродром Скопје од Германија ги вознемири екипажот и патниците, откако дошло до физичка пресметка меѓу неколку лица непосредно пред слетувањето.
Настанот бил пријавен вчера околу 17 часот, а според информациите, кавгата избила околу 16:40 часот во авионот. Во инцидентот учествувале 49-годишен државјанин на Германија и 45-годишна жена од Скопје, од една страна, и 38-годишен маж од селото Лопате, кумановско, од друга страна.
По слетувањето на авионот, случајот бил пријавен во СВР Скопје преку граничниот премин на аеродромот. Засега нема официјални информации за тежината на повредите, а полицијата работи на целосно расчистување на инцидентот.
По завршување на постапката, против учесниците ќе биде поднесена соодветна пријава.