Тешка сообраќајка се случи попладнево во центарот на Скопје, кај Транспортен центар откако се судрија автомобил и такси возило, објави Вечер.
Во несреќата настрадал и семафорот, а во моментов има полиција која го регулира сообраќајот.
Засега не се знае дали има повредени лица во сообраќајката. Повеќе информации се очекуваат наскоро.