ХАМАС ВЕЛИ ДЕКА ПОЗИТИВНО ОДГОВОРИЛ НА ПЛАНОТ ЗА ПРИМИРЈЕ Ќе има ли 60-дневен прекин на огнот?
Се смета дека предлогот вклучува постепено ослободување на 10 живи израелски заложници и телата на 18 други заложници во замена за палестински затвореници кои се држат во израелските затвори, пишува Би-Би-Си.
Милитантната група Хамас вели дека им доставила „позитивен одговор“ на посредниците за најновиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците, предложен од САД, јавува Би-Би-Си.
Во соопштението се додава дека Хамас е „сериозно подготвена веднаш да влезе во рунда преговори“.
Сè уште не е потврдено дали групата ќе ги прифати предлозите.
Порано во петокот, 4 јули, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува одговор од Хамас во рок од еден ден. Претходно истата недела тој изјави дека Израел ги прифатил условите потребни за 60-дневен прекин на огнот, во кој страните ќе работат на прекин на војната која трае веќе 20 месеци.
„Се смета дека предлогот вклучува постепено ослободување на 10 живи израелски заложници и телата на 18 други заложници во замена за палестински затвореници кои се држат во израелските затвори“, пишува Би-Би-Си.
Исто така, се вели дека планот би вклучувал и постепено повлекување на израелската војска од делови од Газа. Хамас сака гаранција дека израелските воздушни и копнени операции нема да продолжат по завршувањето на 60-дневниот прекин на огнот.
Педесет заложници сè уште се држат во Газа, од кои се верува дека најмалку 20 се живи. Едно од клучните барања на Хамас е продолжување на неограничената храна и медицинска помош во Газа, а во предлогот наводно се вели дека доволни количини би влегле на територијата веднаш со вклучување на Обединетите нации и Црвениот крст.
„Позитивен одговор од Хамас за предлого би довел до продолжување на формалните, индиректни разговори пред планираната посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон следната недела“, се вели во написот на Би-Би-Сии.
Во меѓувреме, израелската војска продолжува да бомбардира цели низ Појасот Газа. Во петокот, претставници на Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, изјавија дека во израелските напади загинале најмалку 138 Палестинци во текот на изминатите 24 часа.