ХАМАС ИЗВРШИ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ Седум загинати во Кан Јунис, оклопно возило погодено од заседа

По ракетниот удар, борци на Ал-Касам отвориле оган врз израелски војници, засолнети во станбена зграда.

440

Седум израелски војници беа убиени вчера – во јужниот град од Појасот Газа, Кан Јунис – кога нивното оклопно возило беше погодено од ракета, изјави израелски воен претставник.

Исто така, во областа Кан Јунис, еден војник беше сериозно ранет од огнено оружје, соопшти армијата.






Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, објави на својот канал на Телеграм дека од заседа нападнале израелски војници кои се засолниле во станбена зграда на југот од Појасот Газа.

Хамас соопшти дека некои војници биле убиени, а другите повредени откако биле погодени од ракета јужно од Кан Јунис. Борците на Ал-Касам потоа ја нападнале зградата со митралези.

Не е јасно дали станува збор за исти или за одделни напади.

Поврзани содржини