ХАМАС ЌЕ БИДЕ РАЗОРУЖАНА ПО СЕКОЈ ЦЕНА Израел нема да запре додека Газа не биде демилитаризирана, порача Нетанјаху
Израелскиот премиер порача дека нема повлекување и најави целосна демилитаризација на Газа, со поддршка од САД и нови дипломатски сојузи во регионот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Хамас сè уште не е завршена и најави целосно разоружување на милитантната организација. Во своето обраќање пред Кнесетот, Нетанјаху порача дека Израел нема да се повлече сè додека Газа не биде демилитаризирана.
– Оние кои сакаат да ни наштетат повторно се вооружуваат. Тие не се откажале од својата цел да нè уништат. Хамас ќе биде разоружан, Газа ќе биде демилитаризирана. Тоа ќе се случи или на лесен, или на тежок начин – но ќе се случи – изјави Нетанјаху.
Премиерот додаде дека Израел е поблиску од кога било до земјите од регионот, најавувајќи нови дипломатски чекори и договори.
– Јавноста наскоро ќе слушне повеќе за тоа – рече тој.
Нетанјаху истакна дека Израел ќе ги спроведе договорите за прекин на огнот во Газа и Либан со, како што ја нарече, „железна тупаница“.
– Можете да видите што се случува секој ден во Либан – додаде тој.
Според него, воениот притисок врз Хамас, заедно со дипломатската поддршка од САД за изолирање на организацијата, овозможиле враќање на сите живи заложници и на најголем дел од телата на загинатите.