ХАМАС ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДОТ ВО ЕРУСАЛИМ Операцијата посочена како одговор за злосторствата на Израел во Газа

Израелската полиција потврди дека напаѓачите биле неутрализирани на лице место. Станува збор за двајца браќа Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30), кои претходно биле во затвор поради терористички активности.

368

Палестинската милитантна група Хамас ја презеде одговорноста за оружениот напад на автобуска станица во Ерусалим во кој загинаа три лица, а 16 беа повредени. Милитантната организација го пофали своето воено крило, бригадите Ал Касам, на Телеграма за „херојската операција во Ерусалим“.

Според израелската полиција, напаѓачите биле неутрализирани на лице место. Станува збор за двајца браќа Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30), кои претходно биле во затвор поради терористички активности, пишува Sky News.






„Потврдуваме дека оваа операција е природен одговор на злосторствата на окупаторите, вклучително и бруталните масакри во Појасот Газа и убиствата на децата во Џенин, како и на насилството врз нашите затвореници во окупационите затвори“ – се наведува во соопштението на Хамас.
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека двајцата напаѓачи во Ерусалим кои пукаа во цивили на автобуската станица, се членови на милитантната група Хамас од источниот дел на Ерусалим.

– Ова се очигледно оперативци на Хамас. Хамас има два гласа – едниот заговара прекин на огнот, а другиот терор. Овој инцидент уште еднаш докажува дека не смееме да покажеме слабост и дека со Хамас мора да разговараме само преку акции, само преку војна – рече Гвир.

Поврзани содржини