„Halkidikinews“: 22-годишно момче од Македонија загина на Халкидики

2,475

Трагедија се случила утрово во близина на грчкото летувалиште Халкидики. 22-годишно момче од Македонија загинало во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 06:30 часот на Халкидики, објави грчкиот портал „Halkidikinews

Порталот пишува дека уште едно 21-годишно момче, негов сопатник, е повредено во сообраќајната несреќа која се случила на патот Полихроно – Ханиоти, и било пренесено во болница.






Според порталот, починатото момче било од Скопје дојдено на годишен одмор во Грција.

Момчето изгубило контрола над неговото возило кое, од се уште неразјаснети причини, излетало од патот и се превртело.

Поврзани содржини