Халкбанк АД Скопје покровител на трката HalkEco Хронометар 10KM

Трката беше во организација на Сојуз на спортови на Скопје и Атлетски клуб „Работнички“ од Скопје.

297

Првата Хронометар атлетска трка, HalkEco Хронометар 10KM што во саботата се одржа на кејот на Вардар, покажа дека и во услови на пандемија е можно да се организираат спортски настани, доколку се почитуваат пропишаните мерки и препораки. Трката, која беше во организација на Сојуз на спортови на Скопје и Атлетски клуб „Работнички“ од Скопје и со поддршка на Халкбанк како генерален покровител, беше спроведена со специјален протокол, претходно одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Главниот координативен кризен штаб.

На оваа трка немаше публика, а сите учесници и организатори мораа да се придржуваат до мерките за заштита од КОВИД-19 што вклучува носење заштитна маска, дезинфекција на раце и држење дистанца. Од безбедносни причини помеѓу секој од натпреварувачите имаше временски интервал за старт од 30 секунди.






– Халкбанк АД Скопје секогаш со задоволство поддржува настани кои промовираат физички активности. Токму со таа цел и ја создадовме апликацијата HalkEco со која сакаме да поттикнеме формирање здрави навики и да придонесеме за зачувување на животната средина. Како генерален спонзор задоволни сме што сé помина во најдобар ред, со почитување на заштитните протоколи, а задоволство искажаа и трчачите кои по толку време од почетокот на пандемијата и воведените рестриктивни мерки за заштита на здравјето, добија можност да учествуваат на некоја трка. Начинот на организација на трката HalkEco Хронометар 10KM е најдобар показател дека свеста и дисциплината на спортистите се на високо ниво и дека со строго почитување на протоколите, навистина е можно да се организираат спортски настани – вели Маја Наумовска Савеска, директор на дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Сите натпреварувачи добија медали кои по влегување на целта си ги земаа сами. Најдобрите 5 тркачи во машка и женска конкуренција добија парични награди, а дополнително Халкбанк, како генерален покровител на трката, за учесниците обезбеди и пригодни подароци.

HalkEco апликацијата, по која и е наречена трката, може да се симне на секој паметен телефон преку Play Store или App Store и со неа за секоја активност (трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет) се собираат HalkCoins за кои, во зависност од бројот, следуваат подароци и други бенефиции. Во текот на работните денови и за време на градскиот метеж (07.30 – 09.30 и 15.30 – 17.30), секој километар вреди 2 HalkCoins, за време на викендите 0,5 HalkCoins, а останатото време носи 1 HalkCoin. Истовремено, на овој начин се обезбедуваат дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.

Поврзани содржини