ХАКЕРИ ГО КУТНАА ПОПИСОТ ВО БУГАРИЈА Владата смирува дека податоците се безбедни

„Создадена е заштита на четири нивоа и не постои опасност од истекување податоци“, соопштија од Советот на министри на Бугарија.

555

Хакери го нападнале Пописот кој започна да се спроведува во соседна Бугарија, соопшти Советот на министри.

Во моментот се спроведува електронско попишување кое започна денеска, а попишувачите низ домовите ќе тргнат на 18 септември.






Како што наведе Советот на министри, се очекува нападот за кратко време да биде надминат.

„Создадена е заштита на четири нивоа и не постои опасност од истекување податоци“, соопштија од Советот на министри.

Шефот на Безбедносната служба во Бугарија, Сергеј Цветарски, пак, рече дека многу често ваквите хакерски напади не се злонамерни, туку едноставно некој има за цел да ги покаже своите хакерски способности.

Поврзани содржини