ХАКАН МУ ГО СПУШТИ НА ЗЛАТАН Јас кога би имал 40 години не би се однесувал така!
Оваа година Златан не направи буквално ништо и со ништо не ѝ помогна на екипата на Милан, рече Хакан Чалханоглу.
Златан Ибрахимовиќ сака да биде секогаш центар на вниманието. Вака турскиот репрезентативец од редовите на Интер, Хакан Чалханоглу, ги искоментира провокативните пораки испратени кон него од страна на шведскиот ветеран и фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ.
– Оваа година Златан не направи буквално ништо и со ништо не ѝ помогна на екипата на Милан. Тој воопшто не ни играше. Но, тој прави сѐ за да привлече внимание кај навивачите. Така тој живее. А има 40 години. Јас кога ќе имам 40 години сигурно нема да се однесувам како него – рече Чалханоглу.