„Хјундаи“ повлекува над 270.000 возила од САД

Компанијата соопшти дека работи на отстранување на недостаткот и оти сопствениците писмено ќе бидат известени за повлекувањее на возилата.

245

Јужнокорејската автомобилска компанија „Хјундаи“ повлекува над 272.000 возила од САД поради проблеми со електричниот приклучок на инструмент таблата, кој може да прегрее и да предизвика пожар.

Компанијата соопшти дека работи на отстранување на недостаткот и оти сопствениците писмено ќе бидат известени за повлекувањее на возилата.






„Хјундаи“ ќе ги повлече автомобилите „Елантра“ и „Сната од 2011 и 2012 година, како и моделите „Асент“ и Велостер“ од 2012 година,

До сега има пријавено девет пожари поради проблеми со електричниот приклучо на инструмент таблата, но нема повредени лица.

Поврзани содржини